Во анкетата на официјалниот сајт на ФИФА навивачите имаа шанса од 27. јуни до 13. јули имаа шанса да гласаат за најдобар состав на светското првенство во Бразил. Многумина нема да се сложат со 11 најдобри играчи, но тие покрај изборот за најдобар состав влегоа во конкуренција и за наградната игра. Најсреќните гласачи добија и мобилен телефон.
Во тимот се најдоа четворица Бразилци, истотолку Германци, двајца Аргентинци и еден Колумбиец.
Голем дел од посетителите на сајтот не се сложуваат со изборот на четворица Бразилци бидејќи Бразил ги одигра двете последни средби катастрофално. Во полуфиналето од Германија прими седум гола, додека во борбата за третото место од Холандија три.
Сепак гласањето беше започнато на 27. јуни пред овие две средби до кога бразилската репрезентација играше солидно.
Најдобрите 11 според гласањето на посетителите на сајтот на ФИФA кои добија најмногу гласови:
Мануел Нојер, Давид Луиз, Матс Хумелс, Тијаго Силва, Марсело, Ди Марија, Тони Крос, Џејмс Родригез, Томас Милер, Нејмар, Лионел Меси.