Прославената холандска фудбалска ѕвезда Роналд де Бур изјави дека ФИФА мора да се шегува за изборот на Меси за најдобар играч на штотуку завршеното Светско првенство во Бразил.
ФИФА вчера, по завршувањето на финалниот натпревар, го прогласи аргентинскиот ас Лионел Меси за најдобар фудбалер на 20. Светско првенство, но Де Бур не се согласува со тоа.
– Меси најдобар фудбалер на мундијалот? ФИФА мора да се шегува. Факт е дека Меси е меѓу најдобрите фудбалери во светот, но не и на ова Светско првенство. Според мене, наградата требаше да оди во рацете на Милер, Робен или на Крос – изјави Де Бур.
Лионел Меси на ова Светско првенство постигна четири гола, има една асистенција, 10 удари во рамката од голот и претрчано повеќе од 62 километри.