Германската фудбалска федерација (ДФБ) ги објави премиите за фудбалерите кои го направија целиот германски народ горд со освојувањето на светското првенство во Бразил.
Германија вчера победи со 1-0 против Аргентина со голот на Марио Геце во 113 минута во продолженијата.
Федерацијата објави дека вкупната премија за 23 репрезентативци изнесува 6,9 милиони евра. Таа ќе биде поделена подеднакво односно избраниците на Јоаким Лев ќе заработат по 300 000 евра.
Се очекува и премијата за селекторот и неговите помошници да биде слична како и таа на фудбалерите.
ДФБ од светската фудбалска федерација (ФИФА) за освоеното прво место ќе инкасира нешто помалку од 26 милиони евра.
За споредба, претходните германски освојувачи на насловот добиваа симболични суми во однос на тоа што ќе го заработат Лам, Геце и другарите.
Германските херои за освоеното прво место во 1954 година се наградени со по околу 2500 германски марки и телевизор, светските прваци во 1974 година примија бонус од за секој играч 50 000 марки, додека составот во 1990 година преводен од Франц Бекенбауер заработиле по 130 000 марки.

