понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Лам: Поважно е да се има тим отколку поединци

Капитенот на германската фудбалска репрезентација Филип Лам по освојувањето на шампионскиот трофеј рече дека во нивниот табор тимот е пред индивидуите.

– Без оглед дали ги имаме најдобрите играчи или не, важно е што го имаме најдобриот тим. Единствени, сплотени и со трпелива игра стигнавме до целта. Не дозволивме ништо да не исфрли од колосек. Постепено и сигурно го чекоревме својот пат. Да се биде на врвот на светскиот фудбал е неверојатно чувство, истакна Лам.

Германија синоќа со 1:0 по продолженија ја победи Аргентина и стигна до својата четвртата шампионска титула.

Top