Германија ја слави четвртата титула светски првак, а јунак е џокерот на Јоаким Лев, Марио Геце, кој го постигна победоносниот гол во 113. минута. Мајсторијата на Андреас Шурле кој успеа да и побегне на одбраната на Аргентина со велемајсторски потег и гол вреден титула го награди Геце.
Во регуларниот дел немаше голови, а Аргентина ја расплака Геце, играч што влезе во игра на местото на најдобриот стрелец во историјата на мундијалите Мирослав Клосе во 88. минута. Во негов стил талентираниот играч на Баерн ја затресе мрежата на Серхио Ромеро на 7 минути до крајот на второто продолжение, а Германија ја слави четвртата титула, со што сега е на делба на второто место со Италија.
Најтрофејна нација е домаќинот на овој мундијал Бразил со пет трофеи.

