Аргентина и Германија ќе играат дополнителни 30 минути, односно уште два периоди по 15 минути за титулата светски првак, откако во регуларниот дел финалето на „Маракана“ заврши без голови.
Во цврст натпревар со многу тактичко надмудрување и двете селекции имаа шанси, но мрежите на Мануел Нојер и на Серхио Ромеро мируваа, па Аргентина и Германија ќе мораат на бис на легендарната „Маракана“ во Рио Де Жанеиро.
Ова е трето финале од досегашните 20 на Светските првенства, што во регуларниот дел завршило без погодоци по 90 минути игра. Во 2002 година Бразил ја освои рекорданата петта титула со победа против Иалија на пенали, откако во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови.
Се уште актуелниот планетарен шампион Шпанија во 2010 година со голот на Иниеста во дополнителното време ја победи Холандија со 1-0, а и на тој меч по 90 минути немаше голови.

