среда, 17 декември 2025 | Вести: 0

Ватикан повика за мир за време на финалето на Мундијалот

27072013103526_papa franciskВатикан денеска побара да бидат прекинати сите вооружени судири за време на мечот од финалето на Светското фудбалско првенство меѓу Германија и Аргентина, што ќе се одигра в недела на стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Советот за култура на Ватикан предлага за време на финалето на Мундијалот да се прогласи „Пауза за мир“ со што ќе им се оддаде почит на сите загинатите во воени конфликти.

Спортските настани претставуваа момент на мир, момент во кој војувањата треба да престанат, правило што датира уште од деветиот век п.н.е. за време на Олимписките игри,  се наведува во соопштението на Советот. Ватикан побара и финалниот меч да започне со минута молк во сеќвање на жртвите на судирите, но засега нема реакција од ФИФА на ваквото барање .

Во финалето на Мундијалот се среќаваат татковината на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти – Германија и татковината на сегашниот папа Фрациско – Аргентина. Имаше идеја двајцата да присуствуваат на мечот, но тоа не му беше дозволено на поранешниот папа поради годините, како и поради фактот дека тој ниту еден натпревар не одгледал од почеток до крај.

За разлика од ова папата Франциско е голем љубител на фудбалот. Познато е дека како надбискуп на Буенос Аирес, тој бил страствен навивач на клубот Сан Лоренсо.

Top