Поранешниот боксер Мајк Тајсон изјави дека го разбира Луис Суарез, кој во натпреварот против Италија на Светското фудбалско првенство во Бразил го гризна за рамото ветеранот Џорџо Кјелини.
Фудбалскиот репрезентативец на Уругвај поради ова ќе одмора четири месеци од натпреварувањата коишто се одржуваат под капата на ФИФА.
Фудбалерот од „Енфилд роуд“ ќе паузира и во следните 9 дуели на репрезентацијата.
Тајсон во 1997 година го гризна Холифилд за увото во тек на дуел поради што го разбира Суарез.
– Јас тоа одлично го разбирам. Така е кога се обидувате да славите триумф. Сѐ ќе сторите да успеете на кој било начин – вели Тајсон за медиумите од Италија.

