Тинејџерка во источен Непал се самоубила откако нејзниот омилен тим, Бразил, беше катастрофално поразен од Германија во полуфиналето на Светското првенство (СП) кое завршува в недела, соопшти полицијата.
Според изворите на полицијата, 15-годишната Прагја Тапа била во депресија и се обесила во својата куќа во селото Бараул, кое се наоѓа на 400 километри источно од престолнината Катманду.
Мајката го пронашла телото на својата ќерка. Таа живеела со мајката, бабаба и дедото, а таткото работел во странство, јави АП.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека ќе биде извршен обдукција.
Бразил во полуфиналето на СП загуби од Германија со 1-7.