Без голови по 120 минути игра заврши второто полуфинале во Сао Паоло меѓу Холандија и Аргентина, па пеналите одлучуваат за победникот и финалистот на мундијалот во Бразил. Интересно е што овојпат селекторот на Холандија Луи Ван Гал не му даде шанса на резервниот голман Крул да ги брани ударите од белата точка.
Голманот на Њукасл го замени Силесен на дуелот со Костарика во четвртфиналето и беше јунакот на победата на „лалињата“ на пенали, откако фати два удари од белата точка.