Вечерва во Бело Хоризонте во првото полуфинале петкратниот светски шампион Бразил беше декласиран од Германија со 1:7.
„Панцерите“ демострираа врвен квалитет и од првата минути знаеја што сакаат во овој натпревар. Влогот беше пласман во финалето, што очигледно крајно негативно влијаеше на тимот на Луис Фелипе Сколари кој делуваше почетнички и самиот влијаеше на незапамтената катастрофа.
Во истовреме Германците беа, според девизата што ги следи од секогаш, вистинска фудбалска машина. Ги користеја многуте грешки на „кариоките“ што им овозможи лесно да ги демострираат своите врвни квалитети.
Стрелци на погодоците беа Тони Крос и Андре Ширле по два пати и по еднаш Томас Милер, Сами Кедира и Мирослав Клосе кој со погодокот во 23 минута стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 16 гола.
Почесниот гол за Бразил беше дело на Оскар и тоа во финишот на мечот при негатива од 0:7.
Во второто полуфинале утре се среќаваат Холандија и Аргентина.