Германците го прегазија Бразил и за само едно полувреме потполно го надиграа ривалот во полуфиналето со 5 гола во мрежата на Цезар, а доминацијата на „елфот“ ја дополни Мирослав Клосе со рекордниот 16. погодок на мундијалите.
Шпицот на Германците беше прецизен во 23. минута со што изби на првото место на вечната листа на стрелци на Светските првенства. Сега 36-годишниот ветеран има постигнато вкупно 16 погодоци на мундијалите со што го претрка Бразилецот Роналдо, кој е на второто место со 15 гола. Трет е сонародникот на Клосе, Герд Милер со 14 прецизни удари што завршиле во мрежата на противничките голмани.