Тим Крул е херојот на Холандија кој одбрани два пенали, а во игра влезе само една минута пред истекот на вториот дел од продолженијата.
Многумина сметаат дека неговата провикација на фудбалерите на Костарика е неспортски потег, но холандскиот голман се правда велејќи дека не сторил ништо некоректно. Тој за Би-Би-Си откри што им дофрлил на фудбалерите.
-Им реков дека знам каде ќе шутираат, затоа што ги анализирав преходно. Ми успеа, вели Крул кој потенцира дека оваа тактика му успеала претходно против Френк Лампард.
Голманот на Холандија изјави дека се подготвуваат за евентуални пенали и против Аргентина во полуфиналето.