понеделник, 8 декември 2025 | Вести: 0

Германија и Бразил во битка за финале на СП

Денеска е денот „Д“ за фудбалерите на Бразил и Германија, од 22 часот ќе го играат првиот полуфинален дуел на Светското првенство во Бразил.

Натпреварот ќе биде одигран на стадионот Минеиро во Бело Хоризонте со капацитет од 58 илјади места. Она што е сигурно е дека Сколари и неговите фудбалери ќе ја имаат максималната подршка.

Сепак традицијата вели дека бразилските навивачи имаат за право да веруваат во успех. Статистиката покажува дека овие два ривали до сега одиграле 21. пат, а „кариоките“ славеле 12, пет меча завршиле со нерешен резултат, а само четири победи имаат „панцирите“.

Од една страна, Сколари ги повикува играчите да играат за Нејмар, а од другата пак Лев нагласува дека Бразил не е помалку опасен без фудбалерот на Барселона.

Top