петок, 27 декември 2024 | Вести: 0

Награда за судијата кој не го виде инцидентот на Суарез

Мексиканскиот фудбалски судија Марко Родригез ќе го суди првото полуфинале на светското првенство меѓу Бразил и Германија.
Тој ја доби довербата од судиската организација на ФИФА да биде главен судија на овој натпревар. Родригез е познат по тоа што на натпреварот Уругвај – Италија му додели црвен картон на Маркизио, а потоа не го виде инцидентот на Луис Суарез кога го гризна Џорџо Кјелини по што уругваецот доби суспензија од четири месеци за настап на било кој натпревар и девет меча за својата репрезентација.
Марко Родригез го суди своето трето светско првенство, а ова ќе му биде најголем натпревар во кариерата.
Од позначајните натпревари се издвојуваат трите финалиња на Лигата на шампионите во Конкакаф зоната, како и финалето на светското клубско првенство 2007 година меѓу Милан и Бока Јуниорс.
Помошници ќе му бидат сонародниците Марвин Торентер и Марко и Маркос Кинтеро, додека четврти судија ќе биде Аргентинецот Марк Гејгер

Top