петок, 27 декември 2024 | Вести: 0

Првиот голман на Холандија излезе од кожа, па се извини

cilesen

Веднаш по натпреварот му се извинив на тренерот на голманите, а сега сакам јавно да им се извинам на соиграчите и на стручниот штаб, изјави Џаспер Цилисен, голманот на Холандија кој беше сменет во 120 минута од натпреварот со Костарика, непосредно пред изведувањето пенали.

Првиот голман на холандската репрезентација се извини за неговиот испад по одлуката на тренерот Луис ван Гал пеналите да ги брани резервниот голман.

cilesen3

– Немав поим за тој тактички потег и тоа беше огромен шок за мене. Веднаш по натпреварот се извинив, изјави тој. 

Пенал рулетот го добија Холанѓаните со 4-3, а резервистот кој застана на голот одбрани два пенала.

По напуштањето на теренот првиот голман бесно ги исшутира шишињата со вода, но откако Тим Крул ги одведе во полуфиналето меѓу првите притрча да му честита.

– Знаев дека Цилесен не е добар за пенали, а Крул има фантастична статистика. Веќе во 90 минута сфатив дека натпреварот може да заврши на пенали, а првиот голман не знаеше дека ќе биде заменет затоа што тоа можеше психолошки да го разниша. Се покажа дека бев во право затоа што во 117 минута одбрани сигурен гол, рече ван Гал.

 

Top