Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Тијаго Силва доби суспензија за настап во полуфналето против Германија на светското првенство во фудбал поради добиениот втор жолт картон на натпреварот против Колумбија во четвртфиналето. Со ова тој нема право на настап за својата репрезентација во полуфиналето против Германија.
Сепак, фудбалската федерација на Бразил поднесе жалба до светската фудбалска федерација за укинување на казната за настап од еден меч на првенството.
Портпаролот на ФИФА Делиа Фишер ја потврди жалбата поднесена од бразилската федерација и истакна дека таа ќе биде разгледана до полуфиналето.
Шансите за укинување на казната се мали бидејќи ФИФА не дозволува казните на парен број на жолти картони да бидат усвоени.
Доколку ФИФА ја укине казната, тоа ќе биде контраверазна одлука и ќе даде повод другите репрезентации да се побунат за наклонетоста на ФИФА кон домаќинот на светското првенство.


