Смртни закани за Хуан Камило Зунига упатија бразилските навивачи, по бруталниот старт на колумбискиот репрезентативец со кој го повреди Нејмар, на вчерашниот меч меѓу двете селекции.
Во второто полувреме одбранбениот играч на Колумбија стартуваше од зад грб врз бразилската „десетка“, по што Нејмар заработи тешка повреда на пршлен во рбетниот столб. За еден од главнитер адути на „кариоките“ шампионатот е завршен, ќе паузира најмалку еден месец, а Бразилците се гневни.
„Нема жив да излезеш од Бразил. Ниту со хеликоптер нема да можеш за излезеш“, извикуваат стотици навивачи на Бразил, кои дојдоа пред болница да му дадат поддршка на Нејмар.
И медиумите во Бразил остро го критикуваа Зунига, па тоа само долеа масло на огнот. Репрезентативецот на Колумбија се извини, а изјави дека тоа бил само обичен старт и дека воопшто немал намера да го повреди Нејмар.
Бразил го доби јужноамериканското дерби со 2-1 и ќе игра во полуфиналето на мундијалот, но ќе го нема Нејмар во завршницата.