петок, 27 декември 2024 | Вести: 0

Првенството заврши за Нејмар

Поради фрактура на лумбалниот пршлен, ѕвездата на националниот тим на Бразил ќе ги пропушти останатите натпревари ов Светското првенство. Нејмар беше повреден синоќа во финишот на четвртфиналниот меч против Колумбија, кога на него налета Колумбиецот Зунига. Со грчеви на лицето и во носилка, младиот фудбалер беше изнесен на носилки во 86. минута од натпреварот и веднаш беше префрлен во болница.

Quarter final - Brazil vs Colombia

Повредата е непријатна, но не е премногу сериозна и нема да биде потребна операција. Сепак, Нејмар ќе мора да мирува од четири до шест седмици за да се опорави, па нема да биде во состојба да игра до крајот на Светското првенство – изјавил докторот на бразилската фудбалска репрезентација Родриго Ласмар

За Бразилецот ова значи дека ќе гo пропушти и почетокот на подготовките со неговиот клуб Барселона.

Стратегот на Бразил, пак, Луис Филипе Сколари ќе има големи проблеми за полуфиналниот дуел со Германија бидејќи нема да може да смета ни на Тиаго Силва поради два жолти картона.

Top