Германија си гази сигурно на мундијалот во Бразил и е прв полуфиналист на јубилејниот 20. турнир на најсилните светски фудбалски репрезентации по триумфот од 1-0 против Франција.
Со голот на Матс Хумелс во 13. минута Германците го скротија ривалот и не дозволија изненадување. Франција имаше одлична шанса во последните моменти, Бензема се обиде да погоди, но Нојер одбрани чист гол и спречи продолженија.
Германија ќе игра во четвртото едноподруго полуфинале на мундијалите, имаат три титули, а го очекуваат подобриот ривал од второто полуфинале во кое вечерва од 22 часот ќе играат Бразил и Колумбија.


