четврток, 26 декември 2024 | Вести: 0

Сексот и мундијалот

Ка­ко мал, но зна­ча­ен дел од Свет­ско­то пр­венс­тво во Бра­зил, се­ка­ко не­фуд­бал­ски, е и се­ксот на фуд­ба­ле­ри­те. Си­те ре­пре­зен­та­ции си има­ат свој камп во Бра­зил и свои пра­ви­ла во од­нос на тоа да­ли е доз­во­лен или за­бра­нет се­ксот за вре­ме на шам­пи­о­на­тот

По­ве­ќе­то екс­пер­ти од оваа об­ласт ве­лат де­ка во­де­ње­то љу­бов пред нат­пре­ва­ри­те пре­теж­но им по­ма­га на спор­ти­сти­те и не вли­јае не­га­тив­но врз пси­хо­фи­зич­ка­та под­го­тве­ност, а има­ше ин­те­рес­ни пра­ви­ла, од пот­пол­на за­бра­на за че­ти­ри ре­пре­зен­та­ции, пол­на се­ксу­ал­на сло­бо­да за по­ве­ќе­то од нив, до сим­па­тич­ни ком­би­на­ции, ка­ко што се при­ме­рот со Бра­зил, Фран­ци­ја, Ко­ста­ри­ка и со Ни­ге­ри­ја

На ју­би­леј­но­то, 20. из­да­ние на Свет­ско­то пр­венс­тво во Бра­зил за­вр­ши пр­ва­та фа­за по гру­пи и ве­ќе се поз­на­ти си­те пат­ни­ци во ос­ми­на­фи­на­ле­то, но­ка­ут-фа­за во ко­ја не­ма­ат пра­во на по­пра­вен, се­кој кикс ска­по ќе ги чи­ни кан­ди­да­ти­те за вред­ни­от тро­феј. А, си­гур­но, де­ка све­жи­на­та и до­бра­та ат­мо­сфе­ра ќе би­дат дел од сег­мен­ти­те што ќе од­лу­чу­ва­ат.

Ка­ко мал, но зна­ча­ен дел, се­ка­ко не­фуд­бал­ски, е и се­ксот на фуд­ба­ле­ри­те. Си­те ре­пре­зен­та­ции си има­ат свој камп во Бра­зил и свои пра­ви­ла во од­нос на тоа да­ли е доз­во­лен или за­бра­нет се­ксот за вре­ме на мун­ди­ја­лот.

По­ве­ќе­то екс­пер­ти од оваа об­ласт ве­лат де­ка во­де­ње­то љу­бов пред нат­пре­вар пре­теж­но им по­ма­га на спор­ти­сти­те и не вли­јае не­га­тив­но врз нив­на­та пси­хо­фи­зич­ка под­го­тве­ност.

Но, че­тво­ри­ца се­ле­кто­ри, се­пак, од­лу­чи­ја да не го пос­лу­ша­ат гла­сот на на­у­ка­та. Фа­био Ка­пе­ло е иску­сен стра­тег, ја пред­во­ди Ру­си­ја на мун­ди­ја­лот и не­ма­ше слух за по­тре­би­те на ре­пре­зен­та­тив­ци­те на „збор­на­ја“. За нив се­ксот е за­бра­нет на Свет­ско­то пр­венс­тво, што зна­чи де­ка за Кер­жа­ков, Иг­на­ше­вич, Бе­ре­зуц­ки, Акин­фе­ев и за оста­на­ти­те поз­на­ти фуд­бал­ски ѕвез­ди од ру­ски­от строј не­ма зе­ле­но свет­ло за љу­бов­на игра со сво­и­те со­пру­ги или де­вој­ки од са­ми­от по­че­ток на шам­пи­о­на­тот, од 12 ју­ни, па сѐ до­де­ка се во игра за осво­ју­ва­ње на тро­фе­јот.

По стап­ки­те на Ка­пе­ло трг­на и се­ле­кто­рот на Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Са­фет Су­шиќ, по­тоа и Ми­гел Ере­ра од Ме­кси­ко и Хор­хе Сам­па­о­ли од Чи­ле. Си­те че­тво­ри­ца им за­бра­ни­ја на сво­и­те из­бра­ни­ци ка­ков би­ло кон­такт со по­неж­ни­от пол.

Ин­те­рес­но е што и искус­тва­та се раз­лич­ни, па на Ме­кси­кан­ци­те и на Чи­ле­ан­ци­те за­бра­на­та во­оп­што не им пре­чи би­деј­ќи игра­ат од­лич­но и ве­ќе се пла­си­раа во но­ка­ут-фа­за­та. Кај Бо­сан­ци­те не е та­ков слу­ча­јот, а да­ли ток­му отсус­тво­то на секс за вре­ме на мун­ди­ја­лот вли­ја­е­ше на нив­на­та ели­ми­на­ци­ја на СП ќе ка­жат екс­пер­ти­те.

Sport95-3

Ско­ла­ри со огра­ни­чу­ва­ње за Бра­зил­ци­те – секс „да“, акро­ба­ции ни­ка­ко

Лу­из Фе­ли­пе Ско­ла­ри има ин­те­рес­на стра­те­ги­ја на­ме­не­та за Бра­зил­ци­те. Искус­ни­от волк не смее да си доз­во­ли лу­ксуз да ис­пад­не во ра­на­та фа­за, це­ла на­ци­ја го оче­ку­ва ше­сти­от тро­феј, па го иско­ри­сти мо­мен­тот и ги пре­ду­пре­ди Неј­мар, Оскар, Лу­из и оста­на­ти­те ѕвез­ди од „се­ле­као“. Секс мо­же, но без акро­ба­ции. Ин­те­рес­но, ин­три­гант­но, но Ско­ла­ри ве­ру­ва де­ка има мо­дел да им да­де сло­бо­да на сво­и­те из­бра­ни­ци и над­вор од те­ре­нот, но со огра­ни­чу­ва­ње.

– Ме пра­шу­ва­те да­ли ќе доз­во­лам секс за игра­чи­те пред нат­пре­вар на мун­ди­ја­лот. Да, се­ка­ко. Игра­чи­те ќе има­ат мож­ност за та­кво не­што, но во рам­ки­те на нор­мал­но­то. Акро­ба­ции не се доз­во­ле­ни би­деј­ќи не ми тре­ба­ат ис­цр­пе­ни фуд­ба­ле­ри на те­рен – из­ја­ви Ско­ла­ри.

Бра­зил има им­пе­ра­тив да ја освои ти­ту­ла­та и да ја по­пра­ви гре­шка­та што пе­че по­ве­ќе од по­ло­ви­на век. Во 1950 го­ди­на беа до­ма­ќи­ни на СП и на „Ма­ра­ка­на“ пред 200 ил­ја­ди гле­да­чи во фи­на­ле­то Уру­гвај им ја „укра­де“ ти­ту­ла­та, што сѐ уште бу­ди ло­ши спо­ме­ни кај „ка­ри­о­ки­те“. Ско­ла­ри не са­ка да доз­во­ли ра­бо­ти­те да из­ле­зат од кон­тро­ла, а се­ле­кто­рот што го до­ве­де Бра­зил до свет­ски­от трон во 2002 го­ди­на, две ле­та по­доц­на се „лиз­на“ на свој те­рен. Со Пор­ту­га­ли­ја, чиј селектор беше Сколари, на до­ма­шен те­рен во Лисабон на сен­за­ци­о­на­лен на­чин го за­гу­би фи­на­ле­то про­тив Гр­ци­ја на ЕП 2004 го­ди­на. Се­га Ско­ла­ри мис­ли и на нај­ма­ли­те де­та­ли, а на ин­те­ре­сен на­чин пре­зен­ти­ра­ше ка­ков секс им е доз­во­лен на Неј­мар и на оста­на­ти­те го­ле­ми ѕвез­ди од бра­зил­ски­от со­став.

Стро­га за­бра­на има­ше за ре­пре­зен­та­тив­ци­те на БиХ, а ле­ген­дар­ни­от Па­пе, Са­фет Су­шиќ, на мош­не сли­ко­вит на­чин образ­ло­жи зо­што не им доз­во­лу­ва во­де­ње љу­бов на Џе­ко, Пја­ниќ, Ми­си­мо­виќ и на оста­на­ти­те „зме­јо­ви“.

– Не сме на ту­ри­стич­ко па­ту­ва­ње во Бра­зил. Дој­дов­ме да игра­ме фуд­бал на Свет­ско пр­венс­тво, не­што што е нај­вред­но во оваа игра. Ако са­ка­ат фуд­ба­ле­ри­те, не­ка ма­стур­би­ра­ат, се­ксот не е доз­во­лен за вре­ме на тур­ни­рот – из­ја­ви Су­шиќ.

По­стот не по­мог­на и БиХ е ели­ми­ни­ра­на уште по пр­ва­та фа­за на шам­пи­о­на­тот.

 

Фран­цу­зи­те во­дат љу­бов и гле­да­ат на ча­сов­ник, по пол­ноќ е за­бра­не­то

Ди­дие Де­шамп бе­ше го­ле­ма фуд­бал­ска ѕвез­да и од­лич­но ги поз­на­ва со­стој­би­те во нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та на све­тот. За­ра­ди мир во ку­ќа го ели­ми­ни­ра Са­мир На­сри од со­ста­вот на Фран­ци­ја и „три­ко­ло­ри­те“ игра­ат су­пер­фуд­бал во Бра­зил. Ед­на од мер­ки­те ко­ја е мно­гу ин­те­рес­на, а ја смис­ли се­ле­кто­рот е игра­чи­те да мо­жат да има­ат секс за вре­ме на тур­ни­рот, но со огра­ни­чу­ва­ње до пол­ноќ.

– Ако са­ка­ат, не­ка гле­да­ат и на ча­сов­ник, но дис­цип­ли­на мо­ра да има. Се­ка­ко, и до­бра ат­мо­сфе­ра за да се на­де­ва­ме на ус­пех. На­ци­ја­та го оче­ку­ва тоа од нас и не­ма да доз­во­лам сит­ни ра­бо­ти да ги на­ру­шат ми­рот и дис­цип­ли­на­та во составот – из­ја­ви Де­шамп.

Ме­ѓу по­ин­те­рес­ни­те пра­ви­ла е тоа од та­бо­рот на Ко­ста­ри­ка. Нај­при­јат­но­то из­не­на­ду­ва­ње на пр­ва­та фа­за во Бра­зил игра мо­де­рен фуд­бал, со­ста­вот е од ре­ла­тив­но не­поз­на­ти игра­чи, гро­то од до­маш­на­та ли­га, а имаа ви­стин­ски пре­диз­вик. За Ру­из, Кемп­бел и за оста­на­ти­те чле­но­ви на „лос ти­кос“ се­ксот бе­ше за­бра­нет во пр­ва­та фа­за по гру­пи. Ко­ста­ри­ка по­бе­ди два по­ра­неш­ни свет­ски пр­ва­ци, Уру­гвај и Ита­ли­ја, па се­га игра­чи­те мо­же да здив­нат. Од но­ка­ут-фа­за­та мо­же да спи­јат со сво­и­те со­пру­ги или де­вој­ки. Слич­но е и со Ни­ге­ри­ја, но та­му фуд­ба­ле­ри­те се по­де­ле­ни на ин­те­ре­сен на­чин. Ер­ге­ни­те „по­стат“, а же­не­ти­те мо­же да си за­ми­нат в кре­вет со сво­и­те со­пру­ги.

 

Се­ксот им удри в гла­ва на Анг­ли­ча­ни­те

До­се­га најм­но­гу секс-афе­ри на шам­пи­о­на­тот дој­доа од та­бо­рот на Анг­ли­ча­ни­те. Па­па­ра­ци­те фа­ти­ја го­ла де­вој­ка на бал­ко­нот на ед­на од со­би­те ка­де што се сме­сте­ни ре­пре­зен­та­тив­ци­те на гор­ди­от Ал­би­он. Ат­мо­сфе­ра­та по де­бак­лот на Анг­ли­ја ја вже­шти и афе­ра­та со Лук Шо, бе­кот на Са­у­темп­тон. Тој по­ба­рал од сво­ја­та при­ја­тел­ка во Бра­зил да ја до­не­се и се­стра­та-близ­нач­ка на пар­ти­ја секс во трој­ка. Шо не де­ман­ти­ра, а се­ле­кто­рот Рој Хоџ­сон ве­ро­јат­но е пиш­ман што им доз­во­ли на ре­пре­зен­та­тив­ци­те пот­пол­на сло­бо­да во се­ксу­ал­ни­те игри. Ме­ди­у­ми­те со „отров­ни стре­ли“ се рас­пу­каа по не­го и по фуд­бал­ска­та екс­пе­ди­ци­ја на гор­ди­от Ал­би­он, ко­ја по­втор­но се вра­ќа до­ма со праз­ни ра­це од го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње, и тоа со раз­о­ча­ру­вач­ка ели­ми­на­ци­ја уште по пр­ва­та фа­за.

Со­се­ма спро­тив­но, сло­бо­да­та во кре­вет од­лич­но „им лег­на“ на Хо­лан­ѓа­ни­те и на Гер­ман­ци­те, а две­те ре­но­ми­ра­ни фуд­бал­ски ма­ши­не­рии си­гур­но га­зат кон за­врш­ни­ца­та. Љу­бов и фуд­бал од­лич­но им при­ле­га на расц­ве­та­ни­те „ла­ли­ња“ во Бра­зил и на по­пу­лар­ни­от „елф“ од Гер­ма­ни­ја. Пот­пол­на сло­бо­да во тој сег­мент имаа и Шпан­ци­те, кои се нај­го­ле­мо­то раз­о­ча­ру­ва­ње на мун­ди­ја­лот, осве­жу­ва­ње­то Ав­стра­ли­ја, иа­ко ис­пад­на по пр­ва­та фа­за, ка­ко и САД, Швај­ца­ри­ја, Уру­гвај и Ита­ли­ја.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 95. број на неделникот „Република“, 27.06.2014)

Top