Бразилските фудбалери денеска од 22 часот играат против селекцијата на Колумбија во четврт-финалето од Светското првенство во Бразил, а во екипата на „кариоките“ очигледно владее добро расположение.
Тоа го докажува и оваа фотографија, која беше објавена на социјалните мрежи, на која се гледа дека Дани Алвеш, Данте и Вилијан се задолжени за добра забава.