Светската куќа на фудбалот, ФИФА, ќе ја преиспита својата одлука за 4-месечна казна без настапи и тренинзи за уругвајскиот напаѓач Луис Суарез.
ФИФА го казни Суарез за каснувањето на Кјелини, со 9 натпревари суспензија, но и дополнителна четири месечна казна без фудбал во сите натпреварувања. Тоа значеше и забрана за тренинг со која било фудбалска екипа и посета на фудбалски натпревари.
– Казната е нереална. Дискриминација е да му забраните на фудбалер да тренира и да посетува натпревари. Тоа е невозможно – вели Клаудио Сулсер, претседател на Дисциплинската комисија на ФИФА,.
Токму овие изјави од првиот човек на Дисциплинската комисија навестуваат дека ФИФА планира да ја укине суспензијата од четири месеци за тренинг на Луис Суарез со својата екипа. Уругвајскиот фудбалски сојуз поднесе жалба, а тамошните медиуми најавија дека на Суарез ќе му биде ублажена и казната за почеток на играње официјални натпревари на клупско ниво.