По историскиот успех на Алжирците на Светското првенство во Бразил, односно највисокиот пласман досега за „пустинските лисици“, фудбалерите на оваа земја беа пречекани како национални херои.
Алжирците по враќањето во својата земја доживеаја спектакуларен дочек бидејќи стотици илјади луѓе еуфорично ги пречекаа на улиците на главниот град.