„Галските петли“ од Франција играат одличен фудбал и веќе се пласираа во четвртфиналето на мундијалот во Бразил, по денешната победа од 2-0 против Нигерија.
Отпорот на „суперорлите“ од Африка го скрши Пол Погба со погодок во 79. минута, а за сигурен пат во четвртфиналето се погрижи противничкиот играч Јозеф Јобо со автогол во самиот финиш од мечот.
Франција во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Германија и Алжир, кој се игра од 22 часот.

