Пресвртот што го направи Холандија во дуелот со Мексико, без збор, заслужува почит, восхит, воодушевување. Познавачите на фудбалот заслугите му ги припишаа на селекторот Луј ван Гал. Поранешната ѕвезда на англиската репрезентација, Гери Линекер го нарече Ван Гал- генијалец.
-Луј Ван Гал е генијалец. Кој друг на планетава ќе го извадеше од игра Ван Перси?- напиша Линекер на Твитер.