Секој фудбалер од германската репрезентација ќе заработи по 50.000 евра во случај да го победат Алжир во осминафиналето од Светското првенство во Бразил. Во спротивно, победа за африканската репрезентација ќе ги остави „панцирите“ без премии.
За евентуален пласман во полуфиналето германските фудбалери ќе добијат по 100 илјади евра, додека пласман во финалето им гарантира добивка од по 150 илјада евра. Доколку го освојат трофејот на шампионатот Фудбалскиот сојуз на Германија вети премија од по 300 илјади евра за секој репрезентативец.
Германија утре во Порто Алегре ќе го игра 1/8финалето против Алжир.