Светското првенство во фудбал е мошне атрактивно и цел на секој вљубеник во најважната споредна работа на светот е да дојде до билет за да ги следи натпреварите во живо. Огромниот интерес и притисок за влезници донесе и многу манипулации, па се користи и дозволен и недозволен начин да се најде место на трибините.
Организаторите и ФИФА, како и секогаш, одлучија и во Бразил одредени групи да имаат попуст при купувањето билети и привилегија да седат на одредени позиции наменети за нив. Инвалидизираните лица имаат посебен третман, а се чини дека тука имаше и најмногу манипулации.
Еве еден пример како на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро се злоупотребуваат работите. Навивач на мечот меѓу Франција и Еквадор си прошета да протегне нозе, а потоа си седна во инвалидска количка и си го догледа натпреварот.
Во стилот на Еди Марфи од легендарниот филм „Trading Places“.

