Селекторот на руската репрезентација, Фабио Капело, не успеа да го однесе составот во следната фаза, а како главна причина за тоа го наведе моментот кога во голманот Акинфеев светеа со ласер, а Ислам Слимани, по центаршутот од левата страна, со глава ја прати топката во мрежата.
На снимката јасно се гледа дека навивачите на Алжир со ласер му пречеле на рускиот голман Игор Акинфеев.
– Голманот не можеше да ја заврши својата работа. Ласерскиот зрак му беше вперен во лицето. Беше заслепен со него. Видеоснимката и фотографиите го потврдуваат тоа – истакна Капело.
Сепак, селекторот вели дека тоа не е обид да се оправдаат.

