недела, 29 декември 2024 | Вести: 0

Историја за Алжир, бламажа за Русија

Историски пласман во нокаут фаза на мундијалите забележаа репрезентативците на Алжир по ремито, 1-1, против Русија, сделекција што испадна уште по првата фаза и разочара со настапот во Бразил. Покрај Алжир од последната Х група како првопласирана селекција со максимален учинок понатаму оди и Белгија. „Црвените ѓаволи“ вечерва ја победија и Јужна Кореа со 1-0 и во осминафиналето ќе играат против САД.

Алжирците потвроно одиграа добар меч, иако од шестата минута имаа негатива од 0-1 по убавиот погодок со глава на Александар Кокорин. Само победа и одговараше на Русија и на избраниците на Фабио Капело, но не издржаа докрај. Ислам Слимани е херојот на Алжир, по погодокот со глава по еден час игра. Русите не успеаја да постигнат гол, за да се пласираат понатаму, па заслужено „пустинските лисици“ се пласираа во осминафиналето. Ова е првпат Алжир да ја мине првата фаза на мундијалите.

Таму ќе играат со Германија, а тоа за нив е шанса за одмазда по цели 32 години да им вратат за бламажата на СП 1982 година. На мундијалот во Шпанија, Германците и Австријците одиграа сомнителен меч со кој го елиминираа Алжир, а двете селекции се пласираа во следната фаза.

Top