среда, 17 декември 2025 | Вести: 0

Џердан Шакири го „нокаутираше“ Хондурас и ја одведе Швајцарија во осминафиналето

Group E - Honduras vs Switzerland

По денешните натпревари од третото коло на светското првенство во групата Е познати се новите две репрезентации кои се пласираа во осминафиналето.
Швајцарија која и беше потреба победа во дуелот со Хондурас одлично ја заврши зададената задача од искусниот селектор Отмар Хицфилд и го победи денешниот противник со 3-0.

Group E - Honduras vs Switzerland

Јунак за швајцарскиот национален тим беше играчот на Баерн Минхен Џердан Шакири кој постигна хет-трик. Првиот погодок беше вистинско ремек дело со удар од преку 25 метри во горниот лев агол на голот на Хондурас уште во шестата минута.
Шакири вториот погодок го постигна во 31, додека третиот гол во второто полувреме односно во 71 минута од мечот.


Xherdan Shaqiri Goal – Switzerland 1 : 0 Honduras by LapsiOfficial


Shaqiri 31' Goal – Honduras 0 – 2 Switzerland by LapsiOfficial


Shaqiri 71’, Honduras 0 ~ 3 Switzerland, Group… by HumanSlinky

Вториот натпревар од групата Е меѓу Франција и Еквадор заврши без голови. Франција имаше повеќе од играта, но не успеа да ја затресе мрежата. Еквадор имаше шанса со победа да се пласира во осминафиналето, но во тоа не успеа.
Франција е прва со седум бодови, а Швајцарија е втора со бод помалку.

Top