Анимираните филмови на тема Светско првенство во Бразил се хит на интернет, а најновото видео ќе ви презентира како „гризе“ Луис Суарез. Претходно на хумористичен начин мајсторите на цртаните филмови ни прикажаа колку е брз Арјен Робен и на кој начин јапонскиот судија Нишимура му помогна на Бразил да ја победи Хрватска. Сега не ред стаса фудбалскиот Ханибал, Луис Суарез, по гризењето за врат на Џорџо Кјелини на вчерашниот меч меѓу Уругвај и Италија.