среда, 25 декември 2024 | Вести: 0

Мондрагон во историјата на СП, стана најстариот играч на мундијалите

Group C - Japan vs Colombia

Колумбискиот легендарен голман Фарид Мондрагон влезе во историјата на светските првенства како најстар играч кој излегол на зелениот терен. Тој пред три дена наполни 43 години и го помина на листата камерунецот Роже Мила кој изигра натпревар за својата репрезентација со 42 години и 39 дена.

Group C - Japan vs Colombia

Честа да настапи во последните пет минути на вчерашниот натпревар против Јапонија му ја укажа селекторот Хозе Пакерман откако натпреварот практично беше решен при водство на Колумбија од 3-1.
Ветеранот имаше една успешна интервенција, а посебно се израдува на голот на Џејмс Родригез за конечен резултат од 4-1.

– Многу сум му благодарен на селекторот што веруваше во мене и ме однесе на светското првенство. Да не беше тој уште пред две години ќе ја завршев кариерата. Ова е најубавиот поклон за мојот 43 роденден – изјави Мондрагон по натпреварот.

Top