По пародијата на Игор Трпески и неговите коментари на Евробаскетот во 2013, екипата на „Еден на еден“ на чело со Жарко Димитриоски создаде ново видео.
Овојпат на мета се најде коментаторската двојка Златко Калински и Дарко Панчев.
– Ние сме најискрено, огромни нивни фанови и според нас не само што се најинтересни, туку се и најквалитетни коментатори на ова светско првенство. За нив ќе кажеме едно најголемо БРАВО, а за вас следи нашата најнова пародија која овојпат ја направивме малку поразлична. Златко и Даре не коментираат фудбалски натпревар, туку нешто многу почудно – вели Жаре.
Вака дуото коментира свадба.