понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Станува тесно во авионот за Европа

Станува тесно во авионот за Европа од мундијалот во Бразил, е една од најинтересните шеги во финишот на првата фаза по групи на Светското фудбалско првенство. Денеска Чартерот за стариот континент се пополни со експедицијата на Италија, која загуби од Уругвај и си оди дома.

Секако се знае дека секоја репрезентација си патува сама, но шегата има поткрепа во вистинскито егзодус на европските селекции. Досега се елиминирани актуелниот светски првак Шпанија, потоа и Италија, Англија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а лошо на табелите во своите групи пред клучните дуели од третото коло стојат и Грција, Русија и Португалија.

Вкупно 13 репрезентации од Европа отпатуваа за Бразил, со амбиции конечно да го скршат проклетството на јужноамериканска почва. Досега во 4 обиди кога мундијалите биле организирани во Јужна Америка, европска репрезентација не успеала да го освои трофејот, а вкупно на американскиот континент, ако се сметаат Северна и Средна Америка, Европјаните останале со празни раце на 7 мундијали.

Засега добро се држат Холандија, Германија, Франција и Белгија кои се пласирани или се на прагот на осминафиналето, а реално е да има најмалку квинтет од европски селекции во нокаут фазата, бидејќи и Швајцарија има одлична шанса да мине понатаму. Се уште се не е загубено и за Русија, Грција и Португалија, но факт е дека неуспехот на Шпанија, Италија и Англија или заминувањето на триото со вкупно 6 светски титули е голем удар за фудбалот на стариот континент.

 

Top