Тринаесетиот ден од мундијалот носи расплет во групите Д и Ц каде групите на Костарика и Колумбија се пласираа во нокаут фазата. Додека во групата Д вториот патник ќе се одлучува на дуелот меѓу Италија и Уругвај, во групата Ц шанса за понатаму имаат Брегот на Слоновата Коска, Грција и Јапонија.
Натпреварите од последното коло во групата Д Италија – Уругвај и Англија – Костарика ќе се играат од 18 часот, додека во групата Ц Грција – Брегот на Слоновата Коска и Јапонија – Колумбија ќе се одиграат од 22 часот.
Костарика:
Костарика е сигурен учесник во осмина финалето, а натпреварот од последното коло ќе одлучува дали ќе биде прва или втора во групата. За да го обезбеди првото место потребно и е победа или реми, но и во случај на пораз може да остане на првата позиција поради подобрата гол разлика во однос на Италија или Уругвај.
Италија:
Италија во втората рунда ја носи победа или реми во дуелот со „урусите“. Азурите можат да завршат и како први во групата доколку слават со два гола разлика отколку Англија над Костарика.
Уругвај:
На „урусите“ за пласман во осминафиналето им е потребна исклучиво победа над Италија. Уругвај може да завршат и како први во групата но само ако слават со убедливи три гола.
Англија:
„Гордиот албион“ минатото коло ги загуби сите шанси за понатаму, па против Костарика ќе играат само за престиж.
Колумбија:
Лидерот на табелата го обезбеди пласманот во нокаут фазата, а за да ја задржи првата позиција им е доволен и бод против Јапонија, а дури и пораз кој нема да биде поголем од два гола во однос на триумфот на Брегот на Слоновата Коска.
Брегот на Слоновата Коска:
За пласман во осминафиналето потребна им е победа против Грција, а за понатаму можат да се надеваат и во случај на реми доколку Јапонија не ја порази Колумбија со два гола разлика.
Јапонија:
Јапонија до следната фаза може да дојде само со победа над Колумбија со два гола разлика и реми или пораз на Брегот на Слоновата Коска со два гола.
Грција:
До пласман може да дојдат само доколку го совладаат Брегот на Слоновата Коска, а Јапонија не дојде до трите бода против Колумбија.

