понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Холандија со трета победа во групата за прво место, Шпанија победи и си ги спакува куферите

Во групата Б на светското првенство во фудбал во Бразил, репрезентацијата на Холандија со максимален ефект со три победи од три меча ја заврши на првото место. Денешната жртва беше репрезентацијата на Чиле која ја совлада со 2-0. Овој натпревар директно одлучуваше за првото место, но „лалињата“ не оставија ништо на случајот и со двата гола во втортото полувреме го совладаа денешниот противник кој и покрај поразот успеа да се пласира во осминафиналето.

Group B - Netherlands vs Chile

Во првиот дел немаше сериозна шанса за да се затресат мрежите на двата тима, совен неколкуте полушанси на Робен. Против Чиле не настапи првиот центарфор на тимот Робин Ван Перси поради два жолти картони. Стрелци на головите беа Фер во 77 минута и Депај Мемфис во судиското продолжение по одличната контра на Аријан Робен.


Fer Goal Netherlands vs Chile 1 -0 World Cup… by edi-qrz11

Во вториот натпревар од групата Б кој немаше никакво резултатско значење актуелниот светски шампион Шпанија ја победи Австралија со 3-0. Шпанија и покрај победата го заврши настапот на ова светско првенство по поразите од Холаднија и Чиле во првите две кола. Стрелци за „црвената фурија“ беа Давид Виља во 36 минута, Фернандо Торес погоди во вториот дел во 69, додека конечните 3-0 ги постави Хуан Мата во 82 минута.

Од групата Б Холандија и Чиле одат понатаму и ги чекаат своите противници во осминафиналето од групата А која разврската за првите две места ќе ги има вечерва во 22 часот.

Top