недела, 7 декември 2025 | Вести: 0

Гана и покажа заби на моќната Германија во спектакуларна претстава

Репрезентацијата на Гана и покажа заби на моќната Германија во спектакуларна престава во Форталеза, што заврши нерешено 2-2.

Германците беа големи фаворити, но наидоа на расположен противник што знае да игра фудбал. Марио Геце со интересен гол во 53. минута му донесе предност на фаворитот од 1-0. Геце најпрво ја удри топката со глава, таа се одби во неговата нога и влезе во мрежата на Дауда.

Гана тргна на се или ништо и направи чудесен пресврт со прекрасните голови на Андре Ају и на Асамоа Џан во 55., односно 63.минута.  Фудбалерите од Африка играа импресивно, брзо и ефектно го напаѓаа голот на Германците и имаа уште неколку добри шанси да го кутнат фаворитот. Сепак Германија покажа дека е вистинска фудбалска машинерија и со погодокот на Мирослав Клосе во 71. минута израмни на 2-2.

Клосе се израмни на врвот на вечната листа на најдобрите стрелци на мундијалите со 15. гол. Со него првото место го дели Бразилецот Роналдо.

Германија по две кола има 4 бода во Г групата, пред САД со 3 и меч помалку. Гана има еден бод од два натпревари, а последна е Португалија со пораз од 0-4 од Германците.

Top