сабота, 6 декември 2025 | Вести: 0

Шест прсти за шеста титула на Бразил (фото)

Семејството Силва од Бразил, кое има необична вродена мана, односно по шест прсти на рацете, верува дека тоа ќе им донесе среќа на Бразилците да дојдат до шестата титула на Светско првенство.

Секој член на семејството Силва е роден со по еден вишок прст на рацете, како резултат на ретка генетска состојба која се нарекува полидактилија.

1navivacibrazil

Како што велат тие, според нив добар знак е што можат на една рака да избројат до шест и се надеваат дека под водство на новата ѕвезда на Бразил, Нејмар, тимот ќе може да дојде до својата шеста победа на Светско првенство.

Дури 14 члена на семејството Силва од 4 генерации се родени со оваа состојба, но тоа никогаш не им пречело.

Top