Во рамките од второто коло во групата Ц, фудбалерите на Јапонија и на Грција одиграа мирољубиви 0-0.
Натпреварот се одигра во градот Натал на стадионот „Естадио дас Дунас“, го следеа нешто помалку од 40 илјади, но немаа шанса да видат ни „ф“ од фудбалската магија.
Најинтересниот момент на мечот беше виден во 38. минута кога судијата Жоал Агулар му покажа црвен картон на грчкиот репрезентативец Кацуранис.
Јапонија иако имаше иницијатива, не успеа да дојде до трите бода.
– Моравме да најдеме начин да победиме на овој меч, по секоја цена. Тоа е она поради што трениравме. Играчите премногу ги менуваа местата на теренот, но тоа моравме да го правиме бидејќи Грците се повлекоа по црвениот картон – изјави селекторот на Јапонија, Закерони.