Еден ама вреден играч од Ливерпул има уругвајската репрезентација. Луис Суарез уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и шпиц кој би го посакала секоја светска репрезентација. Вечерва тој имаше интересен меч против Англија, каде што настапија петмина негови соиграчи од Ливерпул.
Суарез сам со два гола против квинтетот Џонсон, Џерард, Хендерсон, Стерлинг и Стариџ, и повторно на дело, на зелениот терен покажа кој е кој во Ливерпул. Класа напаѓач, вистински раритет на денешниот фудбал. Во првиот меч по повредата и операцијата на ципите, постигна два гола и речиси сам ја победи Англија. Суарез ќе биде главниот адут на Уругвај и во мечот од третото коло против Италија, на кој на попуалрните „уруси“ им треба барем реми за да се пласираат во осминафиналето, а притоа Костарика да ги загуби двата дуели со Италија и со Англија.