Шпанците се во шок по елиминацијата по само два натпревара на мундијалот во Бразил, и се предмет на шеги во медиумите и на социјалните мрежи. Многу сликовито „Мундо депортиво“ со фотографија го објаснува дебаклот правејќи споредба со машинеријата во 2010 година, што извонредно играше „тика-така“ со паднатите на колена светски прваци од 2014 година.
На мета на расположените шегобијци е и Диего Коста, натурализираниот Шпанец од Бразил. Шпанците долго го убедуваа Коста да игра за „црвената фурија“, тој прифати, но и целосно се вклопи во сивилото на актуелните светски прваци, кои по само два меча во Бразил испаднаа со моментна гол-разлика од 1-7.
На „Твитер“ во име на Коста шегобиец прашува колку пати може да се менува државјанство. „Не прашувам за себе, туку за пријател“, стои на твитот, кој стана хит на социјалните мрежи.