Хрватските медиуми во суперлативи известуваат за победата на популарните „коцкести“ против Камерун со 4-0, а селекторот Нико Ковач вели дека не е време за славење.
– Рано е за славење иако одигравме одлично против Камерун. Пред нас е клучниот меч со Мексико, кој ќе биде пеколно тежок – вели Ковач. Хрватите по пауза од 12 години победија на мундијалите, а одиграа супериорно против Кемарун, селекција што испадна. Олиќ, Перишиќ и на двапати Манџукиќ прецизно реализираа за триумф од 4-0. На Хрватите им е неопходна уште една победа, против одличниот Мексико, за да се пласираат во осминафиналето. Пораз и реми не им конвенира и ги води дома.