понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Да се биде или не за светскиот првак Шпанија

Второто коло и мечот против Чиле за актуелниот светски првак Шпанија ќе биде во стилот на легендарната реченица на Шекспир „Да се биде или не“. Шпанците вечерва од 21 часот имаат императив да го победат опасниот јужноамерикански состав, за да останат во игра за пласман во осминафиналето.

Поразот од 1-5 против Холандија ја става „црвената фурија“ во незгодна позиција, а дури и со победа против Чиле, светските прваци може да извисат. Ниту две победи до крајот на натпреварите во Б групата не им вршат работа, ако Чиле во третата рунда ја победи Холандија. Можна варијанта е Шпанија, Холандија и Чиле да влезат во круг со по 6 бода и светскиот првак да има најслаба гол-разлика. Но, тоа се само калкулации, а за нив нема место во таборот на Шпанците пред вешерашниот дуел со Чиле.

„Ги посакуваме трите бода, поточно ни треба победа повеќе од било кога. Ние сме светски прваци и верувам дека ќе го потврдиме тоа со триуф над Чиле“, вели Фернандо Торес. Интересно е што Шпанија ја освои првата светска титула пред 4 години во Јужна Африка, а и тогаш тргна со пораз од Швајцарија (0-1). И тогаш Чиле им беше ривал во првата фаза по групи, а „црвената фурија“ славеше со 2-1 и потоа го заврши походот со трофејот.

Во премиерата денеска Холандија има шанса со победа против аутсајдерот Австралија да си го визира патот во осминафиналето. Тој меч се игра од 18 часот, а на полноќ Хрватска во меч од А групата ќе игра со Камерун во Манаус.

Top