понеделник, 22 декември 2025 | Вести: 0

Најинтересните коментари на Дарко Панчев и Златко Калински

За време на преносот од натпреварите на Светското првенство во Бразил на МТВ сите го бараат коментаторското дуо Калински - Панчев, еве и зошто.

– Може ние од Скопје да видиме, судијата не може од таму да види – Дарко Панчев

– Брз е ко Спиди Гонзалес, мексиканскиот глушец – Дарко Панчев

– Бразил, го нема тој плес шампионски – Дарко Панчев.

– Ќе го прашам Аце Русевски дали пред натпревар си удираат шлаканици – Дарко Панчев

– Јас не сум коментатор, далеку од тоа, јас сум чирак коментатор – Дарко Панчев

– Не можам со твојата поезија Златко, ти кидам капа – Дарко Панчев

– Најдобар лек за повреда, е мирување – Златко Калински

– Ако е точно дека си оттаму од кај што ти е сопругата, тогаш тој е струмичанец – Златко Калински

– Меси се обидува да почне, разиграно – Златко Калински

– Некогаш сонародници, денес прекрасни соседи – Златко Калински

– Јас ова го нарекувам полу-полуфаул, судијата може да свири фаул, а и не може – Дарко Панчев

– Ја не дека кујзнае колку се разбира, ама се разбирам – Дарко Панчев

– Натпреварот Шпанија-Холандија е од митски карактер – Златко Калински

– Неизвесен натпревар во кој победникот, ќе биде неизвесен – Златко Калински

– Може на друга планета се игра фудбал, а ние не знаеме – Дарко Панчев

– Не смеам да кажам ништо за навивачките, Маја ќе ми заклучи дома – Дарко Панчев

– Дождот ги покрива овие солзи измешани со пот на Шпанците – Златко Калински

– Ако не шутнеш, нема да дадеш гол – Дарко Панчев

– Децата во Колумбија собираат сликички, нашите учат за екстерно – Дарко Панчев

– Италијаните, клај, клај, ќе дојдат до врвот – Дарко Панчев

– Добро е да се шутира од далечина. Знаеш како викат Златко, една ќе влезе – Дарко Панчев

 

Top