Искусниот голман на Русија, Игор Акинфеев, направи голема грешка и беше директен виновник за голот на Јужна Кореја во 68. минута, со која селекцијата од Азија поведе со 1-0. Акинфеев лошо го процени летот на топката по ударот на Ли Кеон Хо од далечина и прими гол низ раце.
Фоторепортерите на „Пантанал“ арената во Куаиба го овековечија киксот на рускиот голман со неколку фотографии.
Русија подоцна израмни на 1-1, а искусниот Кержаков го анулира киксот на голманот на руската репрезентација за почетно реми на „Зборнаја“ на мундијалот во Бразил.





