Светската куќа на фудбалот, ФИФА малку ги измеша лончињата на мундијалот во Бразил, а распоредот на натпреварите е чуден. Вечерва треба да се комплетира првото коло во сите осум групи, со два меча во групата Х, но меѓу нив ФИФА го вметна дуелот меѓу Бразил и Мексико од второто коло во групата A.
Досега практиката беше да се комплетираат сите 16 натпревари од првото коло, па потоа да стартува вториот круг по групи, но овој пат ќе биде поинаку. Вечерва Белгија и Алжир од 18 часот ќе го играат претпоследниот дуел од стартното коло на шампионатот, па потоа од 21 часот ќе го следиме мечот од втората рунда од групата А меѓу домаќинот Бразил и Мексико, за да се затвори програма од премиерното коло по групи со натпреварот меѓу Русија и Јужна Кореа од групата Х.