понеделник, 23 декември 2024 | Вести: 0

Момчето што го караше Нишимура и стана хит на интернет е од Република Ирска (видео)

Ирците не играат на мундијалот во Бразил, но наоѓаат начин да бидат во фокусот на вниманието на големите фудбалски натпреварувања. По хит-фотографиите од ЕП во Полска, кога ирски навивачи ги бакнуваа градите на две навивачки од Хрватска, сега повторно фудбалски симпатизер од Островот е во центарот на вниманието.

ирец

Момчето што бурно и на интересен начин протестираше против одлуката на јапонскиот судија Нишимура да досуди пенал против Хрватска на мечот со домаќинот Бразил е Ирец, а не Хрват. Иако на себе носеше дрес на „коцкестите“ неговите Ирци го препознаа Нил Марфи.

Марфи со хрватски дрес на себе на симпатичен начин и многу бурно им објаснуваше на толпата бразилски навивачи дека Нишимура погреши со одлуката да го санкционира со пенал дуелот меѓу Ловрен и Фред. Бразил победи со 3-1, а гестот на Марфи е хит на интернет.

 

 

 

 

 

Top