Чилеанците одлично го почнаа шампионатот во Бразил со победа од 3-1 против Австралија, а покрај фудбалската умешност и квалитет можат да се пофалат и со тетоважите.
Дури деветмина стартери што го почнаа мечот против „кенгурите“ имаат тетоважи на рацете, или на телото. Вистински колорит на телата на чилеанските репрезентативци.