петок, 27 декември 2024 | Вести: 0

Пералта оптимист пред дуелот Мексико – Бразил

Mexicol training

Фудбалерот од нападот на мексиканската репрезентација Орибе Пералта верува во добар резултат на вечерашниот натпревар против Бразил во рамките на 2.коло од А групата на Светското првенство.

Мексико во 1.коло го победи Камерун со 1:0 токму со голот на Пералта.

– Немаме психолошки притисок пред средбата со Бразил и поради тоа верувам дека можеме да направиме добар резултат. Против фаворитот ќе играме растоварени. Можеме да им ја отежнеме работата на „кариоките“. Влеговме во ритам, а победата против Камерун ни ја зголеми самодовербата по мачните квалификации. Од трибините имаме поддршка од нашите навивачи. Заради нив играме најдобро што можеме, истакна Пералта.

Со натпреварот Бразил – Мексико вечера од 21 часот во Форталеза започнува 2.коло на Мундијалот.

Фото: Ѓ.Личовски

Top